Американскиот фокус насочен кон Хамилтон

Однесувањето на Луис Хамилтон на, но и надвор од патеката ќе биде под лупата на медиумите овој викенд во САД, каде што тој ќе мора да направи нешто за да остане во игра за четврта светска титула



Назад во Остин, Тексас, каде што во 2015 ја запечати титулата со победа над Нико Розберг, пред 31-годишниот Британец има сосема поинаков предизвик. Прво тој мораше да се соочи со медиумите на официјалната прес-конференција, откако пред две недели во Јапонија наместо да одговара на прашањата си играше со мобилниот телефон.

По ова британските медиуми го нападнаа својот миленик, посочувајќи дека наместо да се концентрира на работата која го очекува тој реши да се „глупира“. Неделната трка во Јапонија не помина подобро - тој имаше лош старт и падна на осмото место, по што едвај се врати на третото место. Хамилтон потоа одби да зборува со британските новинари.

НЕМА ПРОСТОР ЗА ГРЕШКА

Овој пат тој нема да може да си дозволи никаква грешка бидејќи на само четири трки пред крајот тој има дури 33 поени помалку зад Розберг. Актуелниот шампион ќе оди на 50. победа во кариерата на една од неговите омилени патеки, но свесен е дека Германецот ќе сака одмазда откако лани беше истуркан од патеката.

Розберг, кој исто како и Хамилтон има 31 година, има простор за дишење, бидејќи знае дека воопшто не мора да победи до крајот на годината - четири втори места му го гарантираат дебитантскиот трофеј без разлика на тоа каде Хамилтон ќе заврши.

ЌЕ ГО ОСТАВИ СРЦЕТО НА ПАТЕКА

Англичанецот не избегна да предизвика најмногу внимание пред тексашката трка, додека Розберг беше тивок. Потврдата дека ќе биде дел од најновата видеоигра „Кол оф дјути“, го стави Хамилтон на насловните страници, но тој посочи дека ќе оди до максимум за титулата.

„Знам дека некои луѓе постојано имаат мислење за моите емоции. Ми велат дека треба да бидам повесел, иако сум загубил. Но, луѓето забораваат колку имам вложено во овој спорт. Како и секој во своето поле, но јас сум поврзан со тркањето веќе 23 години. Ова е дел од мојот живот од мојата осма година, продолжување на мојот живот и на моето тело. Имаме четири трки за да го покажеме максимумот и планирам да го направам тоа“, вели Хамилтон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...