Јос е горд татко: „Ова не се учи!“

Јос Ферстапен вели дека умешноста која ја покажува неговиот син Макс, посебно на Бразилското ГП во неделата, е нешто што не може да се научи. Тинејџерот на Ред Бул беше несомнено првата ѕвезда на трката во Интерлагос, враќајќи се од 16. на 3. место во десетина круга во финишот.

Јос Ферстапен, кој и самиот беше Ф1 возач и настапи во 107 трки од 1994 до 2003 за тимови како Бенетон, Тајрел, Стјуарт, Ероуз и Минарди, признава дека дури и тој самиот е изненаден од тоа што го направи неговиот син.

„Го знам најдобро и сме биле заедно во многу трки. И ова беше неверојатно за мене. Кога влезе дополнително во боксот, мислев трката е завршена. Но, тогаш тој почна да вози како никогаш дотогаш. Некои луѓе велат дека Аиртон Сена го направи истото во Донингтон во 1993 година. Не знам, но ова беше неверојатно. Ако гледате внимателно кои линии ги наоѓа на патеката, тој беше единствен кој го правеше тоа. Тоа не се учи, туку тоа само го имате во себе“, вели постариот Ферстапен.

Откако не беше присутен на последните четири трки, таткото Ферстапен се врати во боксот во Интерлагос, но демантираше дека тоа беше на барање на шефот на Мерцедес, Тото Волф. Австриецот Волф му се јави на Јос за да го потсети да го „скроти“ неговиот син и да не влијае во борбата за титулата меѓу двајцата возачи на неговиот тим, Нико Розберг и Луис Хамилтон. Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер беше налутен од потегот, меѓутоа Јос вели дека ситуацијата е „премногу експонирана“ во медиумите.

„Тоа што бев назад немаше врска со телефонскиот повик. Можете да гледате како сакате, но всушност јас добро се разбирам со Тото и тоа што се случи мене не ми е проблем. Тој ми е пријател. Немаше фрустрација во таа приказна. Макс го тера светот да зборува за Ф1. Тоа е добро за Формула 1, но и за Макс“, додава Јос Ферстапен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...