Ред Бул не верува дека ќе го претекне Мерцедес

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, верува дека Мерцедес повторно ќе бидат многу силен тим во 2017 година и апсолутни фаворити за четврта титула едноподруго. Сепак, во тимот веруваат дека новите регулативи во Ф1 кои повеќе се потпираат на подобрена аеродинамика повторно ќе им даде шанса да бидат во игра за титулата, како до пред воведувањето на В6 турбо-хибридните мотори.

„Мислам дека ќе биде тешко да се надмине Мерцедес и тие ја почнуваат и новата година како фаворити. Имаат три титули во низа, над 50 победи во последните три години, така што нема други фаворити. Се надеваме дека со новите правила ќе биде поизбалансиран односот меѓу шасијата и моторот и би требало да имаме посилен мотор на почетокот на годината. Правилата се празен лист за сите. Не знаете каде сте во споредба со конкуренцијата. Ова е шанса или предизвик кој ни се допаѓа. Кога ќе пристигнеме во Мелбурн ќе видиме каде навистина сме. Меѓутоа, Мерцедес се фаворити. Се надевам дека ќе ја намалиме разликата и ќе нема предвидливи резултати пред секој викенд“, вели Хорнер.

Сепак, Англичанецот предупредува дека доминацијата на „Сребрената стрела“ може да биде меч со две острици за германскиот тим бидејќи верува дека тие не се доволно подготвени за притисокот во ситуации во кои ќе бидат предизвикани на секоја трка.

„Мерцедес имаат среќа што немаат предизвикувач од 2014 година. Тие се квалификуваат во првиот ред и со многу брз болид, и така можат да си бираат стратегии. Кога ќе има поинаков распоред на стартот, притисокот е поголем. Ние имавме тесни шампионати во 2010 и 2012 година и тоа ни донесе ново искуство. За Мерцедес тоа ќе биде ново искуство. Се надевам дека ние ќе сме тимот кој ќе ги ’притисне’“, вели Хорнер.

Тој исто така посочи дека во новите правила сигурно има „дупки“ кои умните инженери ќе ги искористат, како тимот на Браун ГП во 2009 со „двојниот дифузер“.

„Најголемата надеж е дека не сме утнале нешто како двојниот дифузер, каде што интерпретацијата на правилото донесе голема предност. Ова не е толку драматична промена како од 2008 во 2009, но шансата е тука. Другата година нè чека навистина борба за развој. Ќе има лесни подобрувања, на кои ќе мораме да работиме во текот на целата сезона“, додава Хорнер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...