Вилијамс тврдоглаво не го даваат Ботас

Губењето на Валтери Ботас од тимот на Мерцедес би имало „тешки последици“ за тимот на Вилијамс, вели техничкиот директор на англискиот тим, Пет Симондс.

Мерцедес наводно го „пикираа“ Ботас како прв фаворит за замена на пензионираниот Ф1 шампион, Нико Розберг, и иако Вилијамс официјално остануваат „тивки“ околу трансферот, се верува дека ја одбија првичната понуда на Мерцедес.

Понудата вклучувала 10 милиони фунти намалување на сумата која Вилијамс ја плаќа за моторите на Мерцедес, но и шанса да го ангажираат јуниорскиот возач на Мерцедес, Паскал Верлајн.

Ботас се промовираше во водечки возач на Вилијамс последните три сезони и тимот сака да го искористи неговото искуство во 2017 година кога со серијата големи промени на техничките правила ќе се има шанси за скок во перформансите. Покрај тоа, Вилијамс сакаат искусен возач покрај тинејџерот од Канада, Ленс Строл, кој го замени Фелипе Маса.

Симондс за италијанскиот „Газета дело спорт“ вели дека за тимот е клучно да го задржат Финецот за да имаат јасна референца на болидот за 2017.

„Ќе го имаме Ленс Строл како дебитант, без Ф1 искуство, така што клучно за успехот ќе биде да го задржиме Ботас. Луѓето честопати ја забораваат важноста на континуитет во еден Ф1 тим. И покрај цела структура на тимот, возачот останува последна врска меѓу инженерите и податоците кои треба да ги интерпретираат. Можете да замените еден возач, но вториот ви е потребен како репер, посебно во сезона со толку промени на правилата. Губењето на Ботас ќе има тешки последици на тимот“, вели Симондс.

Во 2017 година тимовите ги очекуваат драстично сменети правила за аеродинамика, како и пошироки гуми со што болидите би требало да бидат побрзи до 6-7 секунди. Симондс вели дека Ред Бул покрај Мерцедес е најголемата закана.

„Новите правила не се гаранција за претекнување и спектакл. Берни нè тераше да направиме болиди кои се до четири секунди побрзи, но да има вистински битки потребен е баланс на перформансите и стабилност на правилата. Затоа може да имаме смена на доминантниот болид. Ред Бул по кризата во 2015 повторно имаа силен болид. Ако Рено направи нов чекор напред, тие ќе се фаворитите за титулата“, објаснува Англичанецот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...