Мерцедес тактизираат за 2017, во 2018 чекаат на Фетел?

Тимот на Мерцедес објави дека нема да го потврди заменикот на пензионираниот светски шампион Нико Розберг до Нова година.

Розберг го објави повлекувањето од спортот пет дена откако стана светски шампион пред колегата Луис Хамилтон, по што се ослободи многу посакувано место во спортот. Германецот Паскал Верлајн (кој возеше за Мејнор во 2016) и Валтери Ботас (кој има договор со Вилијамс) се главни фаворити за неговото место.

„Нема да има објави од нас до Нова година бидејќи нема ништо планирано од сега до 3 јануари“, изјави портпаролот на тимот.

Мерцедес веднаш најавија дека бараат замена и прв фаворит стана Валтери Ботас, за кого тимот веќе направи прва понуда (која беше одбиена), откако големите имиња како Себастијан Фетел и Фернандо Алонсо остануваат со своите тимови.

ВИЛИЈАМС БАРААТ „СПАС“ ВО МАСА?

Вилијамс побарале од Фелипе Маса да ја поништи одлуката за повлекување од Формула 1 за да се врати во 2017 и да „компензира“ за заминувањето на Валтери Ботас во Мерцедес, тврди францускиот „Л’Екип“. Ботас беше потврден за возач за 2017 покрај тинејџерот од Канада, Ленс Строл и во Вилијамс стравуваат дека без искусен возач следната сезона нема да можат да го искористат растот на тимот.

Според „Л’Екип“, Маса е во „напреднати преговори“ со британскиот тим, каде што дојде во 2014 година и возеше три години пред да најави дека се пензионира пред Италијанското ГП. Вилијамс би добиле попуст од 10 милиони евра за моторите за 2017 од германскиот производител, но техничкиот директор Пет Симондс предупреди дека на тимот му треба и „континуитет“.

ФЕТЕЛ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ВО 2018?

Од друга страна Себастијан Фетел можеби нема да го замени Розберг следната година, но блиска иднина во Мерцедес е сосема можна за Германецот. Ова го тврди германскиот весник „Спорт Билд“, кој вели дека кој и да добие договор со Мерцедес за 2017, ќе има едногодишен договор, по што во 2018 германскиот тим би добил силно име во Себастијан Фетел.

Ова го потврдува и Герхард Бергер, поранешниот возач на Ферари и Мекларен, кој иронично му помогна на Розберг оваа година да го обнови на две години договорот со Мерцедес, пред да се повлече од спортот.

„Одеднаш притисокот е кон Ферари. Себастијан блиску ќе го следи развојот на ситуацијата и ќе почека да го обнови договорот. Сигурен сум дека сака шанса со Мерцедес во 2018. Затоа Ферари ќе треба да го направат Фетел среќен, ако не сакаат бргу до го загубат“, вели Бергер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...