Рикијардо и Ферстапен се како браќа!

Даниел Рикијардо се однесува како постар брат на колегата од Ред Бул, Макс Ферстапен оваа сезона, тврди нивниот шеф Кристијан Хорнер. Двајцата станаа колеги оваа сезона откако Ред Бул го пратија Данил Квјат во јуниорскиот Торо Росо, а го промовираа Ферстапен пред Шпанското ГП.

И покрај потенцијалот за судири кој дојде откако Ферстапен го искористи судирот на двајцата возачи на Мерцедес за да триумфира во првата трка за Ред Бул во Барселона, Рикијардо подоцна изјави дека пристигнувањето на холандскиот тинејџер го натера да го „крене“ нивото.

„Најважно е што постои почитување. Не бараме од нашите возачи да излегуваат заедно на вечера, но бараме да се почитуваат меѓу себе и нормално, да го почитуваат тимот. Двајцата го направија точно тоа и фактот што нивното пријателство оди понатаму може да биде само добро за нас. Даниел на некој начин беше како постар брат на Макс. Нивниот фидбек е многу сличен, барањето од болидот исто така. Многу често кога ги слушате на квалификациите за трките, коментарите за болидот се речиси идентични, така што дизајнерите и луѓето од одделот за развој знаат точно што треба да работат“, вели Хорнер.

Рикијардо и Ферстапен беа израмнети како колеги во Ред Бул во тркачките ситуации и Рикијардо освои повеќе поени (220-191) и повеќе подобри финиши (8-7). На квалификациите, Рикијардо ја зголеми својата предност, со 11 пласмани пред Ферстапен, додека Холанѓанецот беше шест пати пред него.

Запрашан да даде оценка кој од возачите бил подобар во 2016, Хорнер не можеше да даде дефинитивна оценка.

„Навистина е тешко да се оцени тоа. Некои викенди едниот од нив имаше предност, другите викенди другиот. Беше навистина добро балансирано во зависност од патеката на која бевме“, вели Хорнер.

Во 2017 со новите правила за аеродинамика и пошироките гуми ќе им се даде шанса на тимовите да ја намалат предноста на Мерцедес, а како едни од фаворити токму се Ред Бул посебно поради нивните успешни шасии во минатото. Доколку Ред Бул им даде на своите возачи болид со кој можат да се борат за титулата, Хорнер вели дека правилата за однесување ќе останат „едноставни“.

„Ќе се справуваме со ситуациите трка по трка, секогаш сме верувале во такво нешто. Има доволно правила. Остануваме со едноставна тактика, тоа секогаш било така со нас. Едноставно и чисто“, вели Хорнер, кој во минатото имаше „жесток“ дуел меѓу поранешните негови возачи Себастијан Фетел и Марк Вебер



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...