Розберг останува пензиониран

Новиот светски шампион во Формула 1, Нико Розберг не се предомисли за откажувањето од спортот ниту еден месец по освојувањето на трофејот. Германскиот возач вели дека веќе работи на идните планови во кариерата, додавајќи во интервју за „Франкфуртер алемајне цајтунг“ дека неговата одлука е исправна.

„Мојата мисија е исполнета. Си заминувам на врвот на моите способности и сега ќе работам на други проекти. Не знам каде, можеби во светот на бизнисот. Имам доста идеи, иако ништо не е одлучено засега“, вели Розберг.

31-годишниот Германец потврди дека едно нешто е сигурно, дека ќе поминува повеќе време со својата сопруга и со ќеркичката.

Запрашан дали повторно ќе биде близок со Хамилтон, кој му беше лут ривал последните три години, но претходно му беше најдобар пријател додека двајцата се натпреваруваа во картинг-сериите, Розберг вели дека е можно „загревање“ на односите.

„Можеби ќе бидеме блиски повторно и ако тоа се случи, тогаш ќе бидам среќен. Зборував со него за мојата одлука да се повлечам и тоа беше многу кул“, вели Розберг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...