Вурц: „Ф1 болиди кои возат до 450 км/ч!“

Поранешниот Ф1 возач и претседател на Асоцијацијата на ГП возачи (ГПДА), Александер Вурц вели дека со зголемената безбедност во спортот, Формула 1 може да си дозволи да ги направи болидите „многу побрзи“ за да се зголеми факторот на возбуда во спортот.

Австриецот вели дека би требало да се направи големо зголемување на потисната сила и забрзувањето, но дека тоа може да се направи само со уште поголемо намалување на ризикот за повреди.

„Да сум јас визионерот за Ф1, ќе ги направам болидите уште побезбедни, но потоа ќе ги направам многу, многу побрзи. Зборувам за многу побрзи болиди бидејќи можеме да имаме машини што одат 450 км/ч со многу повеќе потисна сила. Тогаш, кога болидите ќе бидат многу побезбеднио да се тркаме на најекстремнтие патеки“, вели Вурц.

Австриецот претходно лобираше за воведување на уредот ’Ореол’ за заштита на главата на возачите од 2017, но на крајот ФИА реши да го одложи ова до 2018 година. Тој додава дека со дополнителни мерки за безбедност ќе можат да се прочистат правилата кои го прават шампионатот неинтересен.

„Тој што седи дома и гледа Ф1 само треба да помисли - јас не би го направил ова, туку е само за најхрабрите и најталентираните. Другото не е важно. Тогаш и јас како фан се возбудувам. Ако болидите не се безбедни, директорот на трки мора да се грижи за возачите бидејќи не сака да оди во затвор ако се случи нешто. Ф1 секогаш ќе биде опасен спорт, но веќе не е толку опасно како пред 20 или 30 години“, додава Вурц.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...