Шефот на Мерцедес одбил место во Ф1!

Тото Волф е еден од најважните луѓе зад фантастичниот успех на Формула 1 тимот на Мерцедес така што е малку чудно што Австриецот кога имал шанса одбил да вози во спортот.

Покрај неговите бизнис-квалитети и менаџерски способности, Волф бил конкурентен во ГТ тркањето, освојувајќи ја трката 24 Часа Нирнбургринг во 1994 година. Тој се надевал дека еден ден ќе стигне до врвот на мотоспортот, и всушност имал отворена понуда за Ф1, коај самиот ја одбил.

„Откако победив во Нирнбургринг во 1994 година добив понуда да се тркам во Формула 1. Тогаш, еден од моите спонзори беше поддржувач и на Карл Вендлингер и кога тој беше сериозно повреден во Монако, ме прашаа дали би го сакал неговото место во Заубер“, вели Волф.

Сепак, тој решил да ја одбие понудата, и наместо тоа се фокусираше на своите бизнис квалитети кои му донесоа важна улога во Мерцедес.

„Тогаш веќе бев свесен дека нема да бидам успешен во Формула 1, и исто така бев малку превисок и малку претежок. Шансите беа против мене да бидам успешен тркач. Им кажав дека ќе ги потрошат залудно парите. Тогаш решив да не станам професионален возач. Тоа беше во мај 1994 година“, вели Волф.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...