Се е потврдено – Ботас во Мерцедес, Маса во Вилијамс

По многу шпекулации и непотврдени вести, конечно се потврди дека Мерцедес потпишаа договор со Финецот Валтери Ботас од Вилијамс, кои испразнетото место ќе го пополнат со Фелипе Маса. Мерцедес го „згрижија“ и Паскал Верлајн во тимот на Заубер.

Ботас ќе треба да го замени пензионираниот Ф1 шампион Нико Розберг и ќе има вистински предизвик да биде колега на трикратниот светски шампион Луис Хамилтон во 2017 година. Тој помина четири сезони во Вилијамс каде што се стекна со репутација на брз и квалитетен возач.

Вилијамс во исто време потврдија дека бразилскиот ветеран Маса ќе вози барем уште една година заедно со канадскиот тинејџер Ленс Строл.

„Валтери доби голема шанса во текот на зимата и му посакувам се најдобро во Мерцедес. Јас пак, добив шанса да им помогнам на Вилијамс во новата сезона и мислам дека тоа е исправна одлука“, вели Маса.

Во исто време, се реши иднината и на јуниорскиот возач на Мерцедес, Германецот Паскал Верлајн, кој ќе вози за тимот на Заубер покрај Швеѓанецот Маркус Ериксон. 22-годишниот Верлајн минатата година дебитираше во тимот на Мејнор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...