Тимот на Менор Рејсинг не успеа да пронајде купец и со тоа завршува нивната авантура во Формула 1. Екипата од Бенбери на почетокот на годината заврши во стечај затоа што не успеаја да осигураат поддршка од инвеститори за да се одржи во живот и до крајот на месецот ќе ги ослободи сите работници и ќе престане со работа.
Манор имаше преговори со азиски конзорциум меѓутоа од таа зделка не излезе ништо па советувачката фирма ФРП заклучи дека Манор не најде купец до предвидениот рок.
„Не остана друга алтернатива. Работевме напорно да обезбедиме плати за вработените и да му помогнеме на раководството да најде инвеститор. За жал ниту еден не изрази желба да го купи тимот“, изјавија од ФРП.
Британскиот тим влезе во Ф1 во 2010 година, а првично се натпреваруваше под имињата Вирџин и Марусја.