Монтеѕемоло: Згрешивме што прифативме хибридни мотори

Поранешниот лидер на тимот на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, од сегашна перспектива признава дека воведувањето на хибридните 1.6 литарски В6 турбо-мотори во Формула 1 „голема грешка“. Нивото на перформанси на Скудерија е далеку под очекувањата, со само три победи (сите во 2015) во трите сезони. Иронично, Ферари беше поддржувач на менување на старите мотори.

Монтеѕемоло вели дека претседателот на Мерцедес, Ники Лауда, му признал дека германскиот тим почнал да работи на својот доминантен мотор во 2007 година, далеку пред воведувањето на новата ера.

„Лауда неодамна ми призна дека Мерцедес работеа на нивниот хибриден мотор од 2007 и дека затоа беа толку упорни во преговорите за воведување на В6 мотори од 2014. Да, тоа беше моја грешка. Но, сметав дека не можам да го поставам Ферари во позиција во која нема да има развој. Ферари кој се плаши не беше мојот Ферари“, изјави Монтеѕемоло во интервју за „Ла република“.

Во 2014 година, на почетокот на новата хибридна ера, „Сребрената стрела“ на Мерцедес беше супер-брза од првиот ден, додека тимовите со мотори на Ферари и Рено (четирикратните шампиони Ред Бул посебно) имаа големи маки прво со стабилноста на моторот, а потоа и со брзината.

„Мерцедес, Рено и Ферари пет години знаеја какви мотори треба да направат. Мерцедес едноставно заврши подобра работа. Тоа е мотоспортот“, изјави тогаш Жан Тод, претседателот на ФИА.

Монтеѕемоло вели дека во тој момент ја загубил довербата во „новата“ Формула 1.

„ФИА заборавија дека луѓето гледаат Формула 1 поради возбудата. Никој не гледа тркање поради енергетска ефикасност, ве молам! Исто така, не смееме да го допреме моторот? Каков е тоа спорт? Никој не сака да гледа возач како штеди гуми или гориво. Сакаат да го гледаат како оди до максимум. Да, ова е спорт, но исто така е и големо шоу“, вели Монтеѕемоло.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...