Монтоја: „Фетел и Алонсо се најдобрите“

Поранешниот Ф1 возач и Инди Кар шампион, Хуан Пабло Монтоја ги избра Себастијан Фетел (Ферари) и Фернандо Алонсо (Мекларен) како најсилни возачи на денешницата во Ф1.

Мерцедес доминира во спортот од 2014 до 2016, носејќи две титули за Луис Хамилтон и една за Нико Розберг, додека Фетел има само три победи од трансферот во Ферари во 2015, а Алонсо последен пат на подиумот беше во средината на 2014, пред да се врати во Мекларен. Сепак, Монтоја, кој во кариерата победи на 7 ГП трки, вели дека тие би биле најдобри доколку се вози со иста машинерија.

„Би кажал дека Фетел е еден од најкомплетните возачи, а исто така мислам дека Фернандо е многу силен, него го познавам бидејќи се тркав со него. Тие се двајцата најдобри возачи во сегашната Формула 1. Луис Хамилтон завршува одлична работа, но тој е во најдобриот болид и лесно е да се мисли дека тој во најдобриот болид е најдобар возач“, вели Монтоја.

Тој исто така е љубител на новата Ф1 сензација, тинејџерот на Ред Бул, Макс Ферстапен.

„Макс е навистиан добар, и сите зборуваат за него бидејќи е агресивен и ги прави потезите. Дали прави грешки поради тоа? Да, но така се учи. На спортот му треба некој како него“, додава Монтоја.

Колумбиецот исто така немаше многу добро мислење за подготовките на европските возачи.

„Европските возачи се ментално слаби. Лесно влегуваш во нивната глава и тоа објаснува зошто Ф1 е таква. Кога работите одат во нивна корист, тогаш се навистина силни. Кога Луис победува, тој е незапирлив, но кога нешто ќе тргне на лошо, тогаш спиралата е многу стрмна“, вели Монтоја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...