Тост: „Замрзнете ги моторите на Мерцедес!“

Новите Ф1 сопственици и ФИА треба да решат да го „замрзнат“ развојот на моторот на Мерцедес за да можат ривалите да ги „стигнат“, вели шефот на тимот на Торо Росо, Франц Тост.

Мерцедес имаат апсолутна доминација по трансферот од В8 моторите на В6 турбо-хибридни погони во 2014 година, со убедливо најдобро завршена работа пред Ферари, Рено и Хонда. Како дел од договорот меѓу производителите на мотори и ФИА минатата година, дел од компонентите се „замрзнати“ за 2017 за да може да се „израмнат“ перформансите. Тоа се однесува на минималната тежина на акумулаторите МГУ-Х и МГУ-К, плус димензијата на одредени делови на самиот мотор.

За 2018, ограничувањата ќе се и поголеми - минималната тежина на целиот систем за поврат на енергија (ЕРС) ќе биде поставен на ниво кој е над минимумот остварен од тимовите оваа година, со што најдобрата верзија нема да може да се подобри.

Тост вели дека ова не е доволно и дека спориот прогрес на другите производители значи дека е потребно поекстремно решение.

„Се надевам дека порано или подоцна ќе има еднаквост на моторите, бидејќи тоа дефинитивно не случајот во моментов. Потребни ни се Ред Бул, Мерцедес и Ферари во борба за титулата. Ако не се дојде до израмнување на моторите, тогаш ФИА треба со правило да го ограничи растот на Мерцедес, додека другите би добиле слобода да работат. Би го оставил развојот на акумулаторите бидејќи тоа е корисно за иднината, но и потребно за производителите“, предлага Тост.

Минатата година, шефот на Мерцедес, Тото Волф изјави дека неговиот тим ги „максимизирал“ перформансите под регулативите од 2014 до 2016, меѓутоа со големиот број на промени во правилата за 2017, како пошироки гуми, поголема аеродинамичност, Волф призна дека Мерцедес имаат агресивен развоен циклус со моторот и шасијата.

„Кога ќе има ваква промена на правилата, добивате можности и ризици. Мораме да поставиме агресивни цели за иднината и на моторот и на болидот. Дали остварувањето на овие цели ќе биде доволно ќе дознаеме кога ќе се измериме со ривалите. Во овој период од сезоната секогаш сме скептични и не знаеме каква работа сме завршиле“, вели Волф.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...