Шефот на Мекларен, Ерик Булие, ги потврди шпекулациите дека неговиот тим ќе има портокалов болид во новата сезона. Рон Денис, претходниот претседател на компанијата, беше против враќањето на традиционаланта боја на тимот, но сега тој веќе не е во тимот.
„Ќе ја забележите промената на бојата. За неколку дена ќе видите како ќе изгледа тоа“, вели Булие.