Мерцедес се засилија со Џејмс Елисон

Тимот на Мерцедес потврди дека Англичанецот Џејмс Елисон е нивниот нов технички директор по заминувањето на Педи Лоув. Лоув, чие заминување се очекуваше повеќе месеци, се приклучува на тимот на Вилијамс, но ова уште не е официјално потврдено.

Елисон беше технички директор на Ферари до крајот на минатата година, но си замина од тимот од Маранело на крајот на јули по трагичната смрт на неговата сопруга. Тој ќе почне да работи во Мерцедес во март и ќе биде на новата позиција технички директор - ќе одговара директно на шефот Тото Волф.

„Возбуден сум што повторно се враќам на работа по долгата пауза. Голема привилегија е да добиеш место во тим кој имаше спектакуларни успеси последните три години. Очекувам тимот да го направиме уште посилен“, вели Елисон.

Со ангажирањето на Елисон, Мерцедес покажуваат дека не планираат да застанат со доминацијата.

„Пресреќен сум што можеме да му посакаме добредојде на Џејмс во Мерцедес. Нашиот технички тим е многу квалитетен со три титули во низа, така што беше тешко да се најде човек кој може да ја засили оваа група. Џејмс е совршениот за таа работа“, вели Волф.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...