Рено со РС17 во „лов“ на петтото место

Францускиот гигант Рено го промовираше РС17, својот болид за 2017 година, со кој целта е да се „воспостават“ во средниот дел на Ф1 и да направат платформа за борба за титула во блиска иднина.

На традиционалната жолта боја на Рено, францускиот производител во својата втора сезона како конструктор ја додаде црната боја. Редизајнираното предно крило со продолжен нос, како и крило во стилот на „перка од ајкула“ се забележува и на нивниот болид, исто како на тие на Заубер и Вилијамс.

РС17 ќе биде придвижуван од новиот РЕ17 мотор, кој е сосема нов мотор откако минатогодишниот модел според францускиот производител го достигнал максималниот потенцијал.

„Целта е многу едноставна, бидејќи првпат имаме болид кој е развиван целосно од нас очекуваме да бидеме барем петти во генерален пласман. Го имаме потребниот тим, одличните возачи и организација која сега е предводена од Сирил Абитебул и Боб Дел, така што сме гладни за подиуми и успеси“, вели претседателот на Рено Спорт, Жером Стол.

Рено освои само осум поени и заврши на деветто место во 2016 година, во која фокусот беше на ангажирање на нови членови на техничкиот тим. Иако шефот Фредерик Васер си замина минатиот месец поради „различни погледи кон иднината“, Рено ги донесе Пит Мечин како шеф на аеродинамика и Сиарон Пилбим од Мекларен како технички инженер за трки.

Тимот се засили и со возачи - Нико Хулкенберг дојде од тимот на Форс Индија како замена за Кевин Магнусен (кој отиде во Хас), а Британецот Џолион Палмер доби уште едногодишен договор. Рено го откри и својот резервен трет возач, Русинот Сергеј Сироткин, како и членовите на Академијата на тимот - Џек Еиткен, Макс Фјутрел, Јарно Опмеер и Сун Јуе Јанг. Хулкенберг се откажа од релативната стабилност на Форс Индија за да дојде во Рено со надеж дека тимот ќе биде многу подобар во блиска иднина.

„Ова е нова и фантастична можност за мене. Да се биде во тим со поддршка на производител на автомобили е нешто што отсекогаш сум го чекал. Рено е тим кој освојувал титули и кој повторно ќе освојува, се надевам со мене зад воланот“, вели Хулкенберг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...