„Сребрената стрела“ В08 подготвена за „летање“

Светските шампиони Мерцедес официјално го промовираа својот нов болид за 2017, В08 во Силверстоун, Англија. Болидот веќе помина неколку кругови утрото како дел од „денот за снимање“ на ФИА, со Луис Хамилтон зад воланот.

„Возбудливо е да се види како работите доаѓаат на своето место. Од работата во воздушниот тунел, до изградбата на шасијата, до подесувањето на седиштето. Болидот, нормално, се чувствува поширок, а предните гуми изгледаат огромно. Ова не беше тест, така што круговите не беа конкурентни, така што едвај чекам да тргнеме побргу“, вели Хамилтон.

Поранешниот возач на Вилијамс, Валтери Ботас беше донесен како замена за пензионираниот светски шампион Нико Розберг, и пресреќен е што доаѓа во доминатниот тим.

„Ова е голем ден за мене. Да се вози првпат ’Сребрената стрела’ е многу посебно“, вели Ботас.

Новито болид со целосно име „F1 W08 EQ Power+“ e дизајниран за да ги максимизира перформансите по радикално различните аеродинамички правила за сезоната 2017, со кои тие, најверојатно, ќе станат најбрзите болиди во историјата на спортот. Болидот е четврта верзија на турбо-хибридната генерација на моторите и е дизајниран за издржување на поголем напор бидејќи за цела сезона возачите имаат само четири слободни мотори.

„Новите правила за 2017 се направени да можат да се дизајнираат најбрзите Ф1 болиди во историјата преку големо подобрување на перформансите. Болидите ќе бидат потешки за возење, и се надеваме, поспектакуларни за гледачите. Ќе видиме дали сме успеале на стартот на сезоната. Секоја промена на правилата е и голема шанса, и затоа треба да останеме скромни. Ниту еден тим се нема тркано под овие правила и сите имаме ист број бодови - нула. Сепак, ние сме возбудени, и сите во фабриката го исчекуваат резултатот на напорната работа“, вели шефот на тимот, Тото Волф.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...