Нова техничка зора за Ф1

Побрзи, повозбудливи и, секако, поинакви болиди. Од новата ера на Формула 1 се очекува многу пред стартот на зимското тестирање во Барселона денеска.

Иако тестирањето никогаш не е јасен показател што завршиле тимовите во текот на зимските месеци, оваа година со „стиснат“ календар со само осум дена тестирање, и тоа сите во Барселона и новите аеродинамички правила, може да имаме возбудливи и непредвидливи осум дена во Каталонија.

Покрај возбудата кај тимовите и возачите, на тестирањето посебно внимание ќе покажат и шефовите на спортот, посебно по ветувањето дека со новите аеродинамички правила и пошироките гуми ќе имаме болиди кои ќе се четири-пет секунди пборзи по круг.

Болидите не се само побрзи и со поагресивен изглед - според шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, тие ќе ги одвојат „момчињата од мажите“.

„Болидите ќе бидат пофизички напорни, потешки... Ова е враќање на времето кога болидите можеа да ги возат вистински мажи“, вели Хорнер.

По колапсот на тимот на Мејнор, сезоната ја започнуваат само 10 тимови. Шпекулациите се дека Ред Бул имаат болид кој може да ја предизвика доминацијата на Мерцедес од последните три години. Колку тоа е вистина ќе видиме многу бргу.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...