Ботас и Мерцедес засега недостижни

Мерцедес останаа на врвот и по третиот ден тестирање во Барселона, откако Валтери Ботас беше на две десетинки од секундата од Ферарито на Себастијан Фетел.

Ботас во средата наутро постави круг од 1:19.705 на ултра-меки гуми, што беше најбрзо време оваа недела и неговото време остана недостижно.

Фетел беше единствениот кој влезе во бариерата од 1:20, поставувајќи 1:19.952 на 90 минути во попладневната сесија на меки гуми, за 0.247 зад Ботас. Луис Хамилтон, кој попладнето ја презеде работата од Ботас, комплетираше симулација на трка на средни и меки гуми со 1:22.175 време.

Фетел и Ферари можат да се утешат со тоа што дефинитивно се вториот најбрз тим по првите три дена тестирање, а Германецот исто така имаше доста сигурен ден со дури 139 извозени кругови.

Кошмарен старт на Ф1 кариерата има тинејџерот во Вилијамс, Ленс Строл, кој втор ден во низа излетува од патеката и ги приморува Вилијамс предвреме да го завршат денот.

Даниел Рикијардо (Ред Бул) и Џолион Палмер (Рено) останаа на третото и четвртото место со утринските времиња, а Нико Хулкенберг обезбеди Рено да имаат два возачи во топ 5.

Мекларен со Фернандо Алонсо беше на 10-тото место во првиот ден во кој немаа проблеми со моторот на Хонда. Алонсо имаше 72 кругови, но беше на 2.893 секунди зад најдоброто време на Ботас.

РЕЗУЛТАТИ (БАРСЕЛОНА, 3.ДЕН)

време кругови

1.Валтери Ботас (Мерцедес) 1:19.705 75

2.Себастијан Фетел (Ферари) 1:19.952 139

3.Даниел Рикијардо (Ред Бул) 1:21.396 51

4.Џолион Палмер (Рено) 1:21.396 51 круг

5.Нико Хулкенберг (Рено) 1:21.791 42

6.Маркус Ериксон (Заубер) 1:21.824 126

7.Луис Хамилтон (Мерцедес) 1:22.090 95

8.Роман Грожан (Хас) 1:22.118 56

9.Ленс Строл (Вилијамс) 1:22.351 98

10.Фернандо Алонсо (Мекларен) 1:22.598 72

11.Карлос Саинц (Торо Росо) 1:23.540 32

12.Алфонсо Селис (Форс Индија) 1:23.568 71

13.Данил Квјат (Торо Росо) 1:23.952 31



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...