Маса и Вилијамс со брз старт, Мерцедес „скромни“

Фелипе Маса остана најбрз по првиот ден од вториот зимски тест во Барселона откако на супер-меки гуми успеа да го донесе својот Вилијамс до круг од 1:19.726, за само 0.021 секунди послабо од најдоброто време на Валтери Ботас од првиот тест минатата недела.

Маса исто така имаше најмногу кругови на патеката Каталуња (168 исто како и Себастијан Фетел во Ферари), во сосема успешен ден за тимот на Вилијамс, откако минатата недела последниот ден не се појавија на патеката поради недостаток на резервни делови по судирот на дебитантот Ленс Строл.

Трите најбрзи болиди беа во само две десетинки од секундата - Даниел Рикијардо беше на 1:19.900, најдобро време за Ред Бул на тестирањето, додека Фетел заостана само 0.006 секунди.

Шампионите Мерцедес имаа позагрижувачки ден, откако Луис Хамилтон комплетираше 49 круга во утринската сесија пред да се пожали на „состојбата“ во болидот. Неговото време од 1:20.456 на меки гуми беше четврот најбрзо, додека Валтери Ботас во попладневната сесија извозе 86 кругови.

За Мекларен пак повторно имаше драма откако во финишот на сесијата проблемите со моторот го ограничија Штофел Фандорне на само 34 круга, во кои тој беше на 2.972 секунди зад брзината на Маса. Проблемот на моторот е со електрониката.



РЕЗУЛТАТИ (БАРСЕЛОНА - 1.ДЕН)

време кругови

1.Фелипе Маса (Вилијамс) 1:19.726 168

2.Даниел Рикијардо (Ред Бул) 1:19.900 89

3.Себастијан Фетел (Ферари) 1:19.906 168

4.Луис Хамилтон (Мерцедес) 1:20.456 49

5.Валтери Ботас (Мерцедес) 1:20.924 86

6.Естебан Окон (Форс Индија) 1:21.347 142

7.Нико Хулкенберг (Рено) 1:21.589 58

8.Кевин Магнусен (Хас) 1:21.676 81

9.Данил Квјат (Торо Росо) 1:21.743 83

10.Штофел Фандорне (Мекларен) 1:22.537 80

11.Паскал Верлајн (Заубер) 1:23.336 47

12.Маркус Ериксон (Заубер) 1:23.630 53

13.Џолион Палмер (Рено) 1:24.790 15



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...