Ферстапен: Ред Бул не може до победи

Холандскиот тинејџер Макс Ферстапен вели дека неговиот Ред Бул РБ13 болид не е подготвен да се бори за победи на стартот на сезоната 2017, која започнува в недела во Австралија.

Ред Бул поставија само четврто најдобро време на зимското тестирање во Барселона зад изненадувачки најбрзите Ферари, шампионите Мерцедес и тимот на Вилијамс. Иако тестирањето ретко дава вистинска слика за односот на силите, Ферстапен не верува дека ќе има брзо решение.

„Се уште треба да почекаме и да видиме колку навистина сме добри. Јас лично, не верувам дека во моментов можеме да влеземе во борба за победи. Многу работи може да се сменат во текот на сезоната, меѓутоа засега не сме доволно добри за победа“, вели Ферстапен во интервју за холандскиот весник „Де телеграф“.

Околу тимот на Ред Бул има многу непознати пред новата сезона, откако прво се појавија извештаите дека Адријан Њуи завршил „фантастична работа“ со новиот болид, дека Рено имаат далеку побрз мотор и дека тимот не ги покажа силите на тестирањето. Меѓутоа, Ферстапен, кој лани блесна со својата прва победа и неколку одлични трки, се обидува да ги намали очекувањата.

„Јасно е дека Ферари имаат направено чекор напред и дека Мерцедес остануваат на врвот. Во моментов мислам дека тие ќе бидат далеку пред нас, но се надевам дека ќе влеземе во ритам, слично како лани. Можеме да бидеме многу подобри оваа година, но мораме да работиме напорно за тоа да се случи“, вели Ферстапен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе се жали за своето работно место.
- Не можам веќе да издржам, ме отекоа, само нешто ме прашуват.
- А што работиш?
- На шалтер за информации.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
Софрониј Ерусалимски. Свети Софрониј беше Дамаскинец. Се родил во шестиот век. Во младоста се запознал со монахот Јован Мосх и заедно со него ги опколил пустиножителите во...
На денешен ден
- Светски ден на борба против туберкулозата
1603.- Во Лондон умре англиската кралица...
1783.- Шпанија ја призна независноста на САД.
1834.- Роден е англискиот социјалист, писател и...