Во Пирели се обложуваат на Ферари, Бриаторе не е импресиониран

Марио Исола, новиот шеф на Пирели мотоспорт, верува дека Ферари се подготвени за враќање на победите оваа сезона откако Скудерија завршила добра работа во интегрирањето на новите регулативи и користењето на пошироките гуми.

„Не знам многу, но јасно е дека Ферари се во добра форма. Нормално е да не се видат сите работи на тестирањето, но во Барселона сите заклучија дека тие се многу силни. Јас искрено би сакал да видам комплицирана борба за шампионатот, не само со Ферари, туку со Ред Бул и дури со Вилијамс“, вели Исола.

Неговите коментари доаѓаат откако асот на Мерцедес, Луис Хамилтон ги оцени Ферари како најбрзи на тестирањето во Барселона, додека од италијанскиот тим имаше „блокада“ на информации со многу малку најави за сезоната.

Со нив не се согласува поранешниот шеф на Рено, Флавио Бриаторе, кој не верува дека Ферари имаат најдено победничка формула толку бргу. Тој вели дека најмногу би сакал италијанскиот тим да ги „исплаши“ Мерцедес, но додава дека „Сребрената стрела“ е многу напред.

„Не го делам оптимизмот околу Ферари. Сфаќам дека по тестот во Барселона очекувањата се големи, но не верувам во тие резултати. Не можам да ги замислам Мерцедес зад Ферари со разликата која ја имаа во ноември. Германците ја кријат својата форма. Би бил задоволен со побалансиран шампионат, со конкуренција меѓу повеќе тимови“, вели Еклстоун.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...