Ботас: Воопшто не чувствувам притисок

Новиот човек во Мерцедес, Валтери Ботас признава дека неговиот колега Луис Хамилтон е „еден од најдобрите“, но вели дека е подготвен за борба откако го замени пензионираниот светски шампион Нико Розберг.

Поранешниот светски шампион Дејмон Хил неодамна изјави дека Розберг си замина со „извртен стомак“ од напорот да го победи Хамилтон за титулата. Хамилтон и Розберг беа колеги четири години во кои успеаја да го уништат пријателството кое траеше од детството. Германецот си замина од спортот отворајќи му шанса на Ботас, Финецот кој помина четири години во Вилијамс и кој нема победа во своите 77 трки.

Ботас се приклучува на тим кој освои три титули во последните три години, а до него е трикратниот светски шампион, кој според многумина е најдобриот на денешницата. Меѓутоа, 27-годишниот Ботас вели дека не се плаши.

„Можеби има нешто погрешно со мене бидејќи воопшто не чувствувам притисок. Добро го знам моето ниво и моите способности и знам дека само можам да бидам подобар“, вели Ботас во интервју за „Гардијан“.

Тој ја почна својата тркачка кариера на шест години кога посети картинг-патека со неговиот татко. Познат како голем талент, тој во 2012 година ја освои ГП3 титулата со слабиот тим на АРТ, а во 2013 веќе имаше место во Формула 1. Сер Френк Вилијамс го нарече „едноставно еден од најталентираните возачи кои сум ги видел“. Пет Симондс, поранешниот технички директор на Вилијамс го спореди со младиот Фернандо Алонсо, а новиот шеф на тимот, Клер Вилијамс изјави дека се работи за „сигурен иден шампион“.

Во 2014, со подобриот болид на Вилијамс, тој имаше четири подиуми од пет трки меѓу Австрија и Белгија. Тој квалитет е голема закана за Хамилтон. Неговата интелегенција зад воланот само се зголеми во последниот период. Извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф, кој порано беше негов менаџер, изјави дека токму интелигенција е неговиот најголем адут. Дали може да го стигне Хамилтон?

„Секако дека можам. Луис е еден од најдобрите возачи на денешницата и нормално нема да биде лесно, но ќе работам напорно. Никогаш не сакате да сте зад својот тимски колега на крајот на сезоната и тоа ќе биде цел и оваа година. Ќе биде потешко од претходно, но и мотивацијата е на повисоко ниво“, вели Ботас.

Хамилтон досега имаше само пофални зборови за новиот колега, а од Мерцедес изјавија дека тој се навикна бргу на новите услови. Сепак, тој има само едногодишен договор, а во 2018 година ќе бидат достапни и Себастијан Фетел и Фернандо Алонсо.

„Тимот ги следи моите перформанси, а Луис е реперот. Среќен сум од тоа и знам дека оваа година ќе биде важна да покажам дека заслужувам да бидам во голем тим. Тоа е ОК. Секогаш се потсетувам дека најважно е што ќе направам на патеката. Не знам зошто, но не чувствувам притисок“, завршува Ботас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...