Мекларен очекува уште полошо Кинеско ГП

Мекларен се подготвува за уште полоша трка на Кинеското ГП, каде што најдолгиот рамен дел во Формула 1 ќе го открие вистинското заостанување на славниот англиски тим поради моторот на Хонда.



Иако Фернандо Алонсо успеа да се бори за поени во Мелбурн пред неговото откажување, Мекларен уште сега признаваат дека во Шангај овој викенд работите ќе бидат многу потешки. Според некои анализи, Алонсо и Штофел Фандорне ќе останат без дополнителната сила на моторот од акумулаторите веќе по 2/3 од рамниот дел од речиси километар. Токму тој рамен дел ќе го покаже недостатокот на коњски сили на моторот на Хонда. Ова го знае и тркачкиот директор на тимот, Ерик Булие.

„Шангај е познат како непредвидлив викенд поради многу причини - тежок е на болидите, гумите и моторите, а временските услови често се чудни. Едно нешто можам да предвидам, дека нема да бидеме толку среќни со нашата брзина во споредба со ривалите како во Австралија. Карактеристиката на патеката Шангај се многу различмни од Мелбурн, со долги брзи рамни делови кои ќе ги покажат слабостите на нашиот болид построго од Алберт Парк. Меѓутоа, ќе нападнеме со вообичаениот борбен дух и најважно ќе биде да ја обезбедиме постојаноста на двата болиди пред да се фокусираме на перформансите“, вели Булие.

Фандорне заврши како 13-ти, односно последен, со два круга заостанување во Австралија, но вели дека е ветувачки што Мекларен ќе донесе подобрувања на шасијата во Кина.

„Последното место не е нешто што го посакуваме, а Кина ќе биде исто толку тешка за нас, но знаеме дека доаѓаат и нови делови“, вели Белгиецот.

Фернандо Алонсо пак, признава дека бил изненаден од перформансите кои ги покажал неговиот тим во Мелбурн, но и тој не очекува чудо во Кина.

„Австралија беше помалку изненадувачка, бидејќи перформансите беа на повисоко ниво, иако на хартија се виде реалноста. Имаме многу работа пред нас и уште не сме го исполниле тоа што требаше да го имаме завршено на зимското тестирање. Шангај е чудна патека, а првата кривина е мојата омилена на календарот, бидејќи е вистински тест за возачот со голема брзина. Едвај чекам да видам што можат новите болиди на оваа патека, и се надевам дека нема да имаме проблеми во текот на трката и дека ќе стигнеме до целта“, вели Алонсо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...