Хамилтон: Промените се пожелни

Трикратниот шампион во Формула 1 Луис Хамилтон смета дека почести промени на правилата се пожелни и создаваат поголема конкурентност меѓу тимовите и возачите. Хамилтон е познат како темпераментен возач, додава дека е задоволстово по победата е големо ако борбата на патеката е поголема.

„Колку борбата на патеката е поголема, толку и задоволството од победата е поголемо. Тоа е она за што ние, возачите, постојано се спремаме. Не можам да се сетам кога последен пат сме имале трогодишно затишје по кое следувала промена на правилата. Мислам дека тие интервалии би морале да се скратат затоа што би ни било добро повеќе промени. Тоа го велам затоа што често се случува да имате еден доминантен тим чија предност е тешко достижна. Постои одредена граница до која екипата може да се развие во текот на сезоната, а познато е дека најдобрите секогаш можат да се усовршуваат, мислам во текот на сезоната, до изедначено темпо. Но, ако уште на стартот се направи голема разлика тогаш е тешко таа празнина да се надомести затоа што постојат правила кои временски и инвестициски ги ограничуваат екипите по прашањето на годишниот развој. Драстичните промени ја зачинуваат целата приказна“, изјави Хамилтон, кој на првата овосезонска трка во Австралија заврши на второто место.

Шанса за првата победа ќе ја има на наредната трка на 9 април во Кина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...