Хамилтон: „Почувствував дека Фетел е лут“

Победникот на шпанското ГП, Луис Хамилтон, вели дека забележал дека неговиот главен ривал за Ф1-титулата, Себастијан Фетел, бил лут по поразот во Барселона.



Нивната борба во текот на целата трка вклучуваше фантастичен старт на Фетел за да го помине Хамилтон на стартот, контакт во првата кривина откако Фетел излезе од боксот покрај ривалот и најважно, различна стратегија на Мерцедес, која придонесе Хамилтон да го помине Фетел во финишот од трката.

„Можев да почувствувам дека е лут, и тоа го призна и самиот. Тој имаше одлична трка, така што разбирам како се чувствува. Никогаш нема да се задоволиме со второто место и би бил загрижен ако тој се задоволи со поразот“, вели Хамилтон.

Прашан дали борбата за титулата со Фетел, кој останува шест поени пред него, ќе влијае на нивните досегашни солидни односи, Хамилтон немаше одговор.

„Не знам, тешко е да се процени. Имавме тесна битка и ако трката завршеше поинаку, и јас ќе се чувствував поинаку. Знаеме какво е тркањето. Да ме удреше на првата кривина и да не ја завршев тркатам немаше да му честитам, тоа е сигурно. Сепак, имавме добра битка и предизвикот секогаш е добар. Тој покажа почит и остана ист и по крајот на трката“, вели Хамилтон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...