Браун вети дека Алонсо ќе остане во Мекларен

Зек Браун целосно ги разбира ситуацијата на Фернандо Алонсо и неговата нерешителност да ѝ се посвети на иднината во тимот на Мекларен и вели дека тимот мора да докаже дека вреди да се верува во неговата славна историја.

Алонсо „трпи“ трета сезона со слаби перформанси на Мекларен, и тоа без вина на тимот. Главниот проблем е моторот на Хонда, кој се покажа како екстремно бавен и несигурен. Шпанецот, кој овој месец ќе вози на Инди 500 наместо на Монако ГП Ф1-трката, најави дека ќе почека до крајот на летото за да одлучи за тоа што ќе прави од 2018 година, додавајќи дека би разговарал со кого било ако не се сменат условите во Мекларен.

„Целосно ја сфаќам неговата позиција, тој е двократен светски шампион и сака да биде трикратен шампион, и тоа може да го направи со болид што ќе победува. И покрај тоа, јас би сакал да остане во Мекларен, бидејќи му дадовме одлични услови за работа, а сега е потребен и победнички болид. Тешко е да кажеме кога ќе биде тоа, но мораме да потсетиме дека во минатото имаме конструирано многу шампионски болиди“, вели Браун.

Тој посочува дека и другите производители имале сериозни проблеми пред да ја „свртат ситуацијата“.

„Видовме како и другите прават голем прогрес во една сезона, како Рено пред некоја година. Фернандо кажа дека ќе почека до летната пауза и се согласивме со тоа. Сега треба да работиме и да му покажеме дека ќе бидеме во позиција да победуваме“, додава шефот на Мекларен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...