Ред бул го „повика“ џокерот Њуи

Адријан Њуи полека ја зголемува својата работа со Формула 1 тимот на Ред бул во последните недели за да помогне да се „сврти“ сезоната за поранешните четирикратни шампиони.

По зимското тестирање, се веруваше дека Ред бул ќе биде најсериозната закана за доминацијата на Мерцедес оваа сезона, но поради комбинација на проблеми со воздушниот тунел и слабо завршената работа на аеродинамичкиот тим, неговиот болид едноставно нема доволно потисна сила на патеките, а, исто така, се познава и дефицитот на моторот на Рено.

Тимот имаше големи подобрувања на болидот за Шпанското ГП, со кои се намали разликата на врвот, особено во квалификациите, но овој чекор не беше доволен за да се разбие доминацијата на Ферари и на Мерцедес.

Њуи подолго време не е целосно вклучен во дизајнирањето на болидите на Ред бул, работејќи на други проекти, како едриличарскиот потфат за тим на Американскиот куп, како и хиперавтомобилот во партнерството со Астон Мартин.

Но, сега, шефот на тимот, Кристијан Хорнер, вели дека влијанието на дизајнерот полека се зголемува поради слабата конкурентност, откако самиот Њуи призна дека РБ13-болидот не бил „негово дело“.

„Адријан дојде во Барселона и внимателно слушаше што кажуваа возачите. Тоа наликуваше на посета на доктор. Тој сакаше да ги сфати проблемите на возачите и верувам дека ќе работи во еволуција на нашиот болид. Во текот на зимата, тој беше 50% присутен во заднина, но по тестирањето во Барселона повеќе ќе се вклучи“, вели шефот на тимот, Кристијан Хорнер.

Њуи сега има доволно време да му посвети на Ф1-тимот, бидејќи претходните обврски на проектот со Астон Мартин се завршени.

„Циклусот со Астон Мартин намалува, бидејќи неговите делови се веќе проектирани и сега работи дизајнерското студио. Засега неговите напори ќе бидат насочени кон Формула 1“, додава Хорнер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...