Историска победа на Иџе

Во Телеком иновативниот центар на Македонски Телеком, се одржа прес конференција по повод маестралниот успех на Игор Стефановски Иџе на патеката Нирбургинг.

Победничка атмосфера во тимот АКК Стефановски. Маестралниот настап на двете трки во Нирбургринг ни овозможи нова национална спортска радост.

Феноменалниот трет викенд во ФИА ЕТЦЦ 2017, ја донесе историската победа на Игор Стефановски Иџе. Тој стаса до првата победа во шампионатот годинава, а успехот можеше да се насети уште во тренинзите кои им претходеа на двете трки во Нирбургринг. Иџе имаше фантастичен резултат и на двете трки. Го освои второто место во првата и првото место во втората трка. Овој двоен успех му донесе нови 18 поени со што успеа да се искачи нагоре во табелата во генералниот пласман.

Иџе сега има 33 поени, со што се најде на третата позиција во генералниот пласман. Повеќе од него имаат само Фулин кој со 43 е на второто место и Шрејбер со 44 поени, кој е прв на табелата. Разликата помеѓу тројката најдобри не е голема, посебно ако се има во вид дека до крајот на ФИА ЕТЦЦ шампионатот остануваат уште три трки.

АКК Стефановски изразува огромна благодарност до сите компании кои го препознаа и веднаш го поддржаа предизвикот националната екипа на Македонија на чело со Игор Стефановски Иџе да се бори за победи во ФИА ЕТЦЦ 2017. Меѓу нив се разбира се најде и Македонски Телеком, кој го подржува во неговиот предизвик и годинава е спонзор на нашиот автомобилски шампион.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...