Ферари е „16 недели“ пред Мерцедес?

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, верува дека силниот старт на Ферари оваа сезона е резултат на тоа што италијанскиот тим потрши 16 недели повеќе на работата на својот болид. Во 2016 година, Ред бул му беше главен конкурент на Мерцедес, додека Ферари беше далеку на третото место и Австриецот верува дека поради тоа, тој се фокусирал на работата на СФ70-Х болидот.

„Од тоа што го знам јас, Ферари почна со развојот на болидот многу рано - во декември 2015. Ние стартувавме во март 2016 година. Дотогаш Ферари имаше 50 отсто од ресурсите на новиот болид, така што тој сега има предност од 16 недели, време во кое можете да најдете доволно потисна сила за предност од четири или пет десетинки од секундата“, вели Волф во интервју за германскиот весник „Зидојче цајтунг“.

Себастијан Фетел направи предност од 25 поени во пласманот на возачи пред Луис Хамилтон, откако триумфираше на Монако ГП трката, додека Скудерија има предност од 17 поени во пласманот на конструктори пред седмата трка од сезоната во Канада, следниот викенд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...