Хамилтон е брз како Сена, но не и толку немилосрден

Луис Хамилтон ги има брзината и основниот талент на својот идол во Формула 1, Аиртон Сена, но му недостига неговата немилосрдност, вели Педи Лоув, техничкиот директор на Вилијамс, кој имал среќа да работи со двајцата шампиони.

Хамилтон се израмни со 65 пол-позиции со Сена на Канадското ГП минатиот викенд, по што доби една од кацигите на бразилскиот великан од семејството Сена, како признание за тоа остварување.

Лоув, кој оваа година замина од Мерцедес во Вилијамс, работеше накратко со Сена во Мекларен, во 1993 година, додека со Хамилтон работеше прво во Мекларен, а потоа и во шампионскиот Мерцедес. Прашан дали верува дека Хамилтон е исто толку брз како Сена, Лоув беше сигурен.

„Да, нема сомнеж во тоа. Тие големи возачи се способни да извлечат неверојатни кругови и мислам дека го видовте тоа со Луис кога ја освои пол-позицијата во Монтреал. Најверојатно, според проценките и симулациите на Мерцедес, тоа време не беше можно со тој болид. Го немаа на своите листи. Мислеа дека Ферари е побрз од нив по третите тренинзи, и тогаш го гледате Луис како ’лета’. Тие возачи не можат да го прават тоа секоја сабота, но понекогаш вадат нешто навистина исклучително од болидот и имаат круг во кој не можете да верувате. Луис е сигурно еден од тие возачи, исто како што беше и Аиртон“, вели Лоув.

Иако признава дека нивната брзина е еднаква, Лоув вели дека има големи разлики меѓу Сена и Хамилтон и нивниот приод кон Формула 1.



„Според мене, тие имаат сосема различен карактер. Луѓето го критикуваат Хамилтон за многу работи, но тој, во основа, е вистински џентлмен и многу фер тркач. Цврст, но фер. Кон Аиртон сега се гледа со розови очила. Јас во поголемиот дел од кариерата работев против Аиртон и затоа, можеби, имам проблем со перспективата, бидејќи бев во Вилијамс, а тој работеше со Мекларен. Беше многу тешко да го победиме и, конечно, ни успеа во 1992 година, но тој беше безмилосен. Имаше различни тактики да ја заплаши конкуренцијата, но тоа беше начинот на кој се работеше во Ф1 тогаш. Неодамна зборував со Рикардо Патрезе и без да споменам одредени ситуации, треба да се разбере дека тогаш не се добиваа казни за блокирање на противниците на квалификациите - само требаше да го видите возачот и да го исплашите. Тоа беше тогаш. Сега има полиција која ќе му даде казна. Тоа беше поинаков свет и Аиртон го играше како што треба“, додава Лоув.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...