Алонсо одбил трансфер во Браун ГП во 2009

Поранешниот шеф на Браун ГП и на Мерцедес, Ник Фрај, открива дека Фернандо Алонсо одбил шанса да му се приклучи на тимот на Хонда во 2008 година, со што пропуштил шанса да вози за шампионскиот Браун ГП во 2009. Со тоа, исто така, пропушти да го „гради“ тимот на Мерцедес, откако германската компанија го откупи тимот.

„Алонсо требаше да вози за Ник Фрај и за Рос Браун во 2009 година. Да се случеше тоа, денеска ќе беше најмалку четирикратен светски шампион. Алонсо може да е еден од ’загубените таленти’ во светот на Формула 1. Да направеше некои подобри одлуки, сега ќе беше легенда“, вели Фрај.

По конфликтната сезона 2007 во Мекларен, Алонсо беше на „пазарот“ пред сезоната 2008 и реши да се врати во Рено, тимот со кој освои титули во 2005 и во 2006 година. Во 2008 година, Браун се обидуваше да го направи тимот на Хонда во шампион и Алонсо беше прв возач на листата. Уште тогаш Браун призна дека го цени талентот на Алонсо.

„Чекаме на негова одлука. Според мене, тој е најдобриот во моментов поради искуството и способноста. Има тројца возачи кои се брзи - Луис Хамилтон, Кими Раиконен и Фернандо“, изјави Браун во 2008 година.

Алонсо, кој тогаш беше менаџиран од шефот на Рено, ја отфрли оваа понуда и реши да остане во Рено до 2009 година, пред да направи голем трансфер во Ферари. Таму помина пет години борејќи се за титулата, пред пред три години да реши да се врати во Мекларен со големи надежи во новото партнерство во Хонда.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...