Бријаторе: Зошто Алонсо не би се вратил во Ферари?

Фернандо Алонсо би можел да се врати во Ферари следната сезона, тврди неговиот менаџер, поранешниот сопственик на Ф1-тим, Флавио Бријаторе, и покрај убеденоста на повеќе Ф1-експерти дека Скудерија не е подготвена за ваков потег.

Алонсо си замина од Ферари на крајот од 2014 година, исфрустриран по петте години обидување да се стигне до титулата, по кои можеше да се пофали само со три втори места. Тој веруваше во ветувањето за успех на новото партнерство меѓу Мекларен и Хонда, но на крајот по три години таму, има проблеми дури да се бори за поени, а да не зборуваме за победи.

Ова ги зголеми шпекулациите дека Алонсо планира да си замине од Мекларен и да најде нов тим. Бријаторе вели дека Ферари сѐ уште е опција, бидејќи Шпанецот имал проблем само со поранешниот шеф на тимот, Марко Матијачи.

„Тој секогаш добро се сложуваше со сите и имаше проблем само со Матијачи. Во животот не смеете да исклучите ништо. Фернандо е малку како Сена, кој немаше проблем со никого во тимот, само му требаше победнички болид. Сепак, Ферари не е единствената опција, бидејќи, како што видовме во Баку, и Ред вул и Форс Индија се способни за победи“, додава Бријаторе, кој му беше шеф на Алонсо кога тој ги освои своите две светски титули со тимот на Рено.

Изјавата на Бријаторе дојде откако уште еден стар познајник на Алонсо, поранешниот Ф1-шеф, Берни Еклстоун, јавно го советуваше Ферари да го ангажира Шпанецот ако има слободно место по крајот на сезоната. Ситуацијата со договорите во Ферари е нејасна, бидејќи Себастијан Фетел уште го нема продолжено договорот за следната сезона, а му истекува договорот и на Кими Раиконен.

„Кого би советувал да земат? Се разбира, Алонсо! Тој е еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1“, вели Еклстоун.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...