СО НАСМЕВКА И КОГА НЕ Е ЗА СМЕЕЊЕ

Игор Стефановски Иџе: Совршен пример за тоа дека секој сон може да стане реалност

Пресреќна сум и горда на неговиот успех, а воедно и на тоа што како човек останува доследен на она што отсекогаш е, вели Стефановска.

Летечкиот Македонец, Игор Стефановски Иџе, уште еднаш потврди дека ниту еден сон не е недостижен.

Деновиве Иџе ја пишува македонската спортска историја, како првиот човек кој се натпреварува на ФИА ЕТЦЦ Шампионатот 2017 со национална екипа под името Македонија.  Благодарение поддршката на Македонски Телеком и останатите компании, Иџе заедно со својот нов Сеат Леон тргна во поход кон шампионатот за кружни патеки.

Од она што можевме да го видиме од неговиот пласман на досегашните трки, Иџе сериозно си ја сфатил работата.

Последниот успех беше на патеката Вила Реал, Португалија, каде се закити со две трети места. За многумина искусни возачи, ова е патека каде и најмалата грешка може да биде фатална, факт што го потврдува и самиот Иџе, велејќи дека мора да се остане максимално фокусиран, не за само за да се победи, туку едноставно за да се заврши до крај. Нашиот шампион го направи своето и беше единствениот учесник кој дури два пати се качи на подиумот за пехари.

Патувањето во прекрасната Португалија, помина во најдобар ред и одлично расположение. Земјата богата со културни и природни убавини, а воедно и со срдечни и топли луѓе му посака љубезно добредојде на македонскиот национален тим. Неодамна во Португалија се случи голема трагедија, пожар во кој имаше многу загинати, па екипата на Иџе безрезервно се вклучи во поддршката. Гестот толку многу ги воодушеви пожарникарите кои потоа дојдоа да навиваат за него и покрај тоа што имаа свој учесник во трката.

Додека Иџе беше на патеката и смело атакуваше кон врвот неговата сопруга, Емилија, заедно со тимот, во неизвесност го следеше секое движење на автомобилот. Од Вила Реал си заминавме задоволни и со уште поголема мотивација за подобар резултат на следната патека.

-Секој тренинг, секоја квалификација, секоја трка е со исто чувство. Во некои моменти мора да замижам, во некои моменти морам да викнам... Морам да речам „Господе нека заврши побрзо!“. Едноставно ми се тресе целата сила додека го дочекам финишот, раскажува Емилија.

-Не можам да ги опишам чувствата и емоциите на сите...На неговиот татко кој нема душа во него до самиот крај, на неговиот брат кој талка лево –десно додека не го види времето на табелата. Воедно и на неговиот тим кој и на сонце и на дожд спремно ја чека секоја заповед на потребата на автомобилот.

Емилија и семејството на Иџе се неговите најголеми фанови, а воедно и најголемата поддршка за секој поход кон врвот. Иако секоја трка е различна, Иџе останува ист.

-Тука е со сите, ќе се насмее и кога не му е до смеење. Ќе бара решение заедно со тимот доцна во ноќта иако е преуморен и ќе ги поздрави сите со насмевка. Пред самата трка ќе остане сам со себе. Потребно му е да се преиспита. Кога ќе влезе во автомобилот, секој проблем се заборава бидејќи на патеката едноставно е свој. Пресреќна сум и горда на неговиот успех, а воедно и на тоа што како човек останува доследен на она што отсекогаш е, вели Стефановска.

Таа е горда на својот сопруг, а ние сме горди на нашиот шампион, кој без разлика на резултатот, секогаш е гладен за победа и е совршен пример за тоа дека кога се сака, се може. Страста и упорноста кои што тој ги поседува несомнено ќе го однесат до самиот врв.

Н.Вуковиќ

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...