Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, оствари најдобри времиња на двата слободни тренинга одржани во петокот, пред Големата награда на Велика Британија, на патеката Силверстон. Во првото излегување на патеката во утринските часови, Финецот оствари време од 1.29,106, пред клупскиот колега Луис Хамилтон и Макс Ферстапен од Ред бул. А тој беше побрз од клупскиот колега и на вториот слободен тренинг запишувајќи време од 1.28,496. Третото место го зазеде Кими Рајконен од Ферари.
Хамилтон на тренинзите користеше само меки гуми, за разлика од Ботас, кој користеше само супермеки пневматици. Иако Рајконен го зазеде третото место, впечаток е дека неговиот тимски колега Себастијан Фетел е во подобра форма и покрај четвртото најдобро време.
Третиот слободен тренинг е закажан за денеска во 11 часот, а квалификациите се во 14 часот. Трката е в недела во 14 часот.