Мерцедес и Ферари не му даваат мотори на Мекларен

Моментално двата најдобри тима во Формула 1, Мерцедес и Ферари, не се заинтересирани да го снабдуваат Мекларен со свои мотори. На десет трки оваа сезона, британскиот тим освои само два бода со деветтото место на Фернандо Алонсо во Азербејџан, но имаше голем број казни поради честите промени на моторот. Директорот на Мекларен, Зек Браун, смета дека Мерцедес и Ферари немаат намера да му дадат мотори затоа што се плашат.

„Ние сме одличен тим, Мекларен покажа способност да освојува трки и шампионати. Но некои други тимови уживаат да нѐ гледаат тука, каде што се наоѓаме сега. Се плашат затоа што би им биле закана, а тој страв е разбирлив“, изјави Браун.

На крајот од сезоната, Мекларен ќе ѝ стави крај на соработката со Хонда и на тој начин ќе се ослободи од агонијата и од годинашниот дебакл. Доколку Мерцедес и Ферари одбијат потенцијална соработка, тогаш друга опција за Мекларен ќе биде францускиот Рено.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...