Мерцедес со „клучна“ грешка во Унгарија?

Шефот на Ред бул, Кристијан Хорнер, признава дека бил изненаден од тактиката на Мерцедес на Унгарското ГП и од промената на позициите на возачите.

Побрзиот Луис Хамилтон беше „заглавен“ зад Валтери Ботас додека ѝ се приближуваа на двојката на Ферари, по што тимот му порача на Ботас да го пушти Хамилтон. И Британецот му ја врати позицијата кога веќе не можеше да се бори со Кими Раиконен. Иако видливо побрз, Хамилтон не успеа да го помине Раиконен, по што го искористи ветувањето и му дозволи на Ботас да го помине во последната кривика од последниот круг.

По трката, Хамилтон призна дека не му се допаѓало пропуштањето, а шефот на тимот, Тото Волф, изјави дека тоа било најтешката одлука што ја донел во последните пет години. Хорнер беше изненаден.

„Да, бев изненаден, иако ќе беше сурово кон Валтери, бидејќи, во спротивно, ќе му дадеа порака дека е во аут во трката за титулата. Импресиониран сум што Луис го врати местото, бидејќи така му предаде повеќе поени на главниот ривал. На крајот ќе се работи за тие двајца, Фетел и Хамилтон. Позицијата на Ферари кон Кими е појасна“, вели Хорнер.

Ред бул во минатото користеше тимски наредби кои не беа послушани, особено инцидентот на Малезиското ГП во 2013, кога Себастијан Фетел одби да ја послуша наредбата и го помина Марк Вебер за победа. Во 2015 година, тие имаа слична тактика во Монако, обезбедувајќи го четвртото и петтото место.

„Тоа во Монако беше слично, но малку различно бидејќи немавме возач кој се бори за титулата. Хамилтон е нивни прв возач и во одреден момент мораш да одиш само со еден возач“, додава Хорнер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...