Розберг не верува во Ферари, Фетел го живее сонот

Нико Розберг има целосна доверба во својот поранешен тим Мерцедес дека ќе издржи во борбата за титулата оваа година и дека ќе ги победи предизвикувачите од Ферари. Розберг, кој се повлече од Формула 1 само пет дена откако ја освои својата прва светска титула, вели дека е интересно да се гледа битката на титаните, но верува дека неговиот поранешен тим ќе биде победник.

„Ферари заврши одлична работа во текот на зимата, но сега на сила влегува трката во развивање на болидот. Тешко ми е да поверувам дека Ферари ќе издржи. Уште по Силверстоун мислев дека е готово, но Ферари се врати во Унгарија. Спа повторно е вистинската патека за Мерцедес и тешко е да се верува дека Ферари ќе има шанса“, вели Розберг во интервју со „Спорт билд“.

Германецот, сепак, признава дека возачите на Мерцедес имаат сериозен противник во Себастијан Фетел, кој иако покажа дека паѓа во жештината на тркањето како во Баку, е човек со победнички менталитет.

„Знаеме дека некогаш не ги контролира емоциите, но неговата подготвеност да ги сноси последиците, исто така, е и негова сила. На кратки патеки, тоа, можеби, е слабост, но кога возиш со тој интензитет цела година, тоа е предност. Неговиот основен карактер е победнички“, вели Розберг.

ФЕТЕЛ: СОН Е ДА СЕ БИДЕ ЛИДЕР ОВА ЛЕТО

Самиот Фетел вели дека предноста од 14 поени пред Луис Хамилтон е вистински сон за него. Фетел победи во Австралија, Бахреин, Монако и во Унгарија оваа година за да биде сериозен конкурент за титулата, и вели дека е пресреќен што тимот само работел во фабриката и не сакал да одговара на шпекулациите.

„Искрено, за ова сонував. Сакам да победувам и сакам да бидам на врвот. Немам прецизни соништа во однос на разликите, поените или такви работи, но мисијата беше да се вратиме на врвот и досега имаме одлична година. Само две и пол години сум во Ферари - во 2015 година бевме одлични, и тоа беше совршен почеток, но лани беше тешко поради многу работи. Добро е што во текот на зимата не дававме храбри ветувања, туку напорно работевме“, вели Фетел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...