Хамилтон: Ако си одам од Мерцедес, си одам од Ф1

Иако признава дека би било „кул“ да се вози за Вилијамс и „интересно“ да се биде во болидот на Ферари, Луис Хамилтон вели дека не гледа причина да си замине од Мерцедес, за кого верува дека ќе биде негов последен тим во спортот.

Неговиот договор со „сребрената стрела“ трае до крајот на следната сезона, а тој е со неа од 2014 година и освои две светски титули. Шпекулациите велеа дека Ферари чека шанса да му понуди договор од 2019 година, меѓутоа Хамилтон не мисли така.

-Да си одам од Мерцедес, би требало да го земам ова што го имам тука и да го имплементирам на друго место. Но, дали навистина го сакам тоа? Дали има потреба? Да, има и други тимови што сум ги почитувал. Го гледам Вилијамс и гледам како би било ’кул’ да се вози за него и да се помогне да се врати на врвот, но немам магично стапче. Не знам дали воопшто е можно тоа само затоа што го почитувам Френк Вилијамс. Мекларен? Бев таму и имав одлично искуство. Нема друг тим, освен Ферари, кој би бил интересен, но засега уживам тука и сакам да ја претставувам оваа компанија. Ако си заминувам оттука, најверојатно, би требало да сопрам со Ф1. Мерцедес се грижи за своите возачи и нема друг таков тим“, вели Хамилтон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...