Маса: Формула 1 сега е подобра од порано!

Возачот на Вилијамс, Фелипе Маса вели дека Формула 1 не станал полош спорт во 16-те години од неговото деби и покрај големиот број на критики во тој период.

36-годишниот Бразилец дебитираше за Заубер во 2002 година, и вели дека Формула 1 постојано е критикувана и дека работите не се промениле многу и покрај тврдењата дека се загубила спектакуларноста на спортот.

„Во моментот кога почнував, претекнувањето беше многу тешко, немавме ДРС-системи и сите се жалеа на тоа. Тогаш велеа, ни требаат претекнувања, не можеме да ги следиме болидите, најголемите тимови трошат многу, ова е прескап спорт... Што е различно сега? Не гледам некоја голема промена. Можеби тимовите трошат уште повеќе, но и тогаш разликата меѓу најдобрите и најлошите беше огромна. Ова е Формула 1. Можеби ќе има нешто поинаку во иднина, но не гледам голема промена“, вели Маса во интервју за „Аутоспорт“.

Тој додава дека и предизвиците за возачите не се сменија.

„Да, сега има поинакви болиди, но менталитетот, начинот на возење, извлекувањето на максимумот останува исто. Сега само има поинакви болиди, поинакви правила, поинакви гуми и мотори. Да се биде Ф1 возач мораш да го извлечеш најдоброто од болидот. Тоа секогаш било така“, додава Бразилецот.

Сепак, тој верува дека искуството кое го добија возачите од неговата генерација, пред ограничувањето на тестирањето во 2009 година, останува многу важно. Од 2001 година, кога првпат тестираше за Заубер до крајот на 2008, Маса имаше 260 дена тестирање, а во девет и пол години оттогаш има само 66 дена тестирање.

„Искуството кое го добивате во болидот е непроценливо. Понекогаш ги гледате работите пред да се случат. Помладите возачи немаат толку шанси за учење. Сепак, добар возач е добар возач“, додава Маса.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...