Ферстапен ќе блесне во втората половина од 2017

Шефот на Ред бул, Кристијан Хорнер, верува дека несреќите на Макс Ферстапен во првиот дел од сезоната ќе бидат само мотивација повеќе за младиот Холанѓанец во вториот дел од сезоната. Ферстапен освои само 67 поени во споредба со 117-те на колегата Даниел Рикијардо и се откажа од пет од првите 11 трки.

Три откажувања беа директно поврзани со постојаноста на болидот - сопирачките во Бахреин, акумулаторот во Канада и моторот во Азербејџан, додека поради судири во првиот круг, кои не беа негова вина, се откажа во Шпанија и во Австрија.

Хорнер вели дека се работи за недостиг на среќа и верува дека Ферстапен ќе биде многу посилен во вториот дел од сезоната.

„Кога го промовиравме РБ13-болидот, постоеше дебата дали треба да го наречеме 12а или да го користиме несреќниот број 13. Затоа решивме да одиме со слоганот ’13 е среќен за некои’. Досега среќен е за Даниел, но не и за Макс. Сепак, тој продолжува со растот и незгодите што ми се случија на четири последователни трки пред Силверстоун, навистина нѐ налутија. Тој беше втор во Монтреал и во одлични позиции во Азербејџан и во Австрија. Фрустрирачки е за него, но досега добро се справува со работите и мислам дека како еден 19-годишник, има неверојатно искуство. Уште е млад, но верувајте, ќе биде многу, многу посилен. Во Спа очекуваме многу белгиски и холандски фанови за Макс и верувам дека и тој едвај ги чека“, вели Хорнер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...