Алонсо не е подготвен да се „обврзе“ за 2018

Фернандо Алонсо вели дека одлуката на Мекларен да го задржат Штофел Фандорне во својот тим следната сезона нема да има влијание на неговите планови за иднината. Алонсо ја завршува последната година од тригодишниот договор со Мекларен, означен со големи разочарувања поради слабите перформанси и стабилноста на моторот на Хонда.

Алонсо инсистираше дека својата одлука ќе ја донесе во септември, нешто што го повтори пред враќањето на Ф1 на големата сцена овој викенд во Белгија, и додава дека тоа што Фандорне останува нема некое големо влијание.

„Ќе ја направам одлуката за иднината кога ќе сакам, и тоа останува. Ништо не е сменето. Тие обновија со Штофел, тоа е логично, бидејќи тој завршува одлична работа во својата дебитантска сезона и се надевам дека следната година ќе има подобра година за тимот. Тоа што ги подобри перформансите кажува многу за неговиот талент и е добро за иднината на Мекларен, така што одлуката беше сосема нормална“, вели Алонсо.

Фандорне ќе добие казна од 35 места за неговото домашно ГП во Белгија поради менување на моторот на Хонда. Со казна од 35 места во шампионат во кој има 20 болиди, Фандорне, кој оваа недела беше потврден како возач на Мекларен и за 2018, ќе стартува или од последното место или од боксот. Фандорне ќе биде првиот Белгиец кој ќе настапи во Спа Франкоршамп од Жером Д’Амброзио во 2011 година.

„Казните беа неизбежни по проблемите кои ги имавме на почетокот на сезоната. Секој нов дел сега ни носи казни и штета е да се стартува викендот вака. Но, со непредвидливото време во Спа, можеби ќе имам некаква шанса“, вели 25-годишниот Белгиец.

Алонсо не очекува подобрувањето на моторот на Хонда да донесе голем скок во перформансите, бидејќи не се менуваат клучните делови.

„Се работи за минорна работа, така што останува истиот мотор. Јас нема да имам казни, бидејќи не се менува ништо важно и не очекувам скок во перформансите. Ќе видиме, но овие две недели ќе бидат тешки за нас - Спа и Монца, каде што ти е најпотребен силен мотор“, вели Алонсо.

Шефот на Хонда Ф1, Јусуке Хасегава смета дека Алонсо ја загубил довербата во способноста на Хонда да произведе конкурентен мотор за следната година и додаде дека неговата цел до крајот на сезоната со неколку подобрувања да го кренат духот на Шпанецот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се враќа Мујо дома од работа и ја затекнува Фата со Хасо:
- Добро бе Хасо, биваше ли ова да ми го направиш?! Па заедно во школо одевме, најдобри другари бевме, кум ми беше на...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено пo наместа влажни коловози на повисоките и суви коловози на пониските места. Намалена видливост поради појава на магла од 50...
Верски календар
На денешен ден
1562. - Во Мадрид е роден Феликс Лопе де Вега,...
1758.- Британците го окупираа Сенегал.
1763.- Умре францускиот писател Прево, познат по...
1783.- Последните британски војници го напуштија...