„Мир“ во Форс Индија, Перез и Окон одат понатаму

Колегите од Форс Индија, Серхио Перез и Естебан Окон инсистираат дека е време да се „заборави на минатото“ и да се започнат нови односи во тимот по низата конфликти на патеката на последните трки.

По „блиската средба“ на Канадското ГП и судирот во Азербејџан и уште еден контакт во првиот круг на Унгарското ГП, дојде „пеколното“ Белгиско ГП во Спа, каде што двапати имаа судир. Тие прво се удрија на рамниот дел, па пред легендарната кривина „О Руж“, кога Окон доби оштетување на предното крило, додека Перез имаше дупната гума и двајцата загубија шанса за висок пласман на трката.

Ситуацијата по трката се „вжешти“, кога Окон преку Твитер го обвини Перез дека „сака да го убие“, додека Мексиканецот врати дека младиот Французин се однесувал премногу опортунистички. Тимот мораше да реагира и веднаш по трката потврди дека на двајцата возачи нема да им биде дозволено да се тркаат меѓу себе.

Пред медиумите на прес-конференциите пред Италијанското ГП во Монца, двајцата решија да ја „спуштат топката“.

„Мислам дека во последно време имаме доста тесно тркање. Имавме неколку инциденти во последните трки, но разговарав со Естебан и работите останаа меѓу нас. Време е да се тргне напред, секој има свое мислење, инженерите едно, фановите друго, така што тоа е тоа. Верувам дека отсега почнуваат нови односи и можеме да работиме прво за интересита на тимот. Толку е едноставно“, вели Перез.

Окон, кој доаѓа од јуниорската школа на Мерцедес и оваа година импресионираше со своите перформанси, вели дека двајцата возачи се виновни.

„Тоа што се случи во минатото, се случи и не можеме да го смениме и мораме да одиме напред. Време е да се заборави на инцидентите, да работиме напорно за тимот и да им го дадеме тоа што го заслужуваат. Треба да се однесуваме како професионалци. Двајцата ја поминавме црвената линија. Нема да кажам дека се е заборавено, но не смееме да се однесуваме така“, вели Окон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...