Ендуро тим Водно со четворица возачи во БМУ

Мото клубот „Ендуро Тим Водно“ од Скопје втора година по ред ќе ја претставува Македонија во меѓународни рамки.  Во новата сезона во БМУ европските шампионати екипата ќе настапи со четворица возачи во две натпреварувања, за разлика од минатата кога настапи со двајца во едно натпреварување.



Во брзинскиот шампионат ќе возат Христијан Бузалковски и Игор Спиров, Ќе настапат во категориите до 125 и 600 кубни сантиметри – Бузалковски, односно до 1.000 кубни сантиметри – Спиров.

Во мото-крос шампионатот ќе возат Христијан Станковиќ и Виктор Караколев, двајцата во категоријата до 250 кубни сантиметри, во класата MX2.

- Идејата е оваа година попрофесионално да се претставиме на меѓународната сцена. Набавивме два нови професионални мотоцикли. Се надеваме дека оваа сезона ќе биде многу подобра од лани. Лани имавме голем успех, во двете класи во кои што возеа нашите натпреварувачи имавме две вицетитули. Оваа година се надеваме барем на една шампионска, вели Владимир Димов, претседател на тимот.

Во брзинскиот шампионат ќе се возат 13 трки во Грција, Романија и Бугарија, а можеби и во Македонија. Во мото-крос шампионатот ќе се возат седум трки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...