Хамилтон го обвини Фетел за мамење

Четирикратниот светски шампион Луис Хамилтон го обвини Себастијан Фетел од Ферари за мамење во Баку. Според Англичанецот, пилотот на Ферари ги прекршил правилата за првиот излез на безбедносното возило во последната трка во Азербејџан.

Безбедноснот автомобил излезе во првиот круг кога германскиот пилот ја предводеше колоната. Луис тврди дека Себастијан продолжил да вози со променливо темпо откако безбедносниот автомобил се одвлекол и пред да се рестартира трката. Според правилата, со цел да се избегнат можни несреќи, штом безбедносниот автомобил ќе влезе во боксот и штом светлата ќе згаснат, пилотите треба да продолжат со со постојано темпо. Ова значи дека не смее да има ненадејно забрзување или сопирање, како и да се прават други маневри што би ги загрозиле другите пилоти или самиот почеток на рестартирањето.

Хамилтон тврди дека Фетел го прекршил ова правило. Пред да се рестартира трката, пилотот на Ферари се чинеше дека продолжува да се движи на начин на кој се загреваат пневматиците - со постојано намалување и забрзување. Луис дури забележува дека во еден момент морал да се израмни со Себастијан на неговата десна страна, за да избегне судир.

- Не е дозволено да даваш гас, а потоа кочница и не е дозволено да го доведуваш во заблуда човекот зад тебе. Секако, ако го немаше ова правило, токму тоа би го правел секој за да ги фати останатите неподготвени. Само што е забрането. Во Баку го направи тоа барем четири пати. Морам да разговарам со Чарли Вајтинг, бидејќи нешто не ми е јасно, објасни Хамилтон.

Од своја страна, Чарли Вајтинг од ФИА зеде страна на Фетел.

- Мислам дека Фетел ги контролираше работите многу добро. Имаше поплака од Луис дека тој се движи наизменично, но тоа беше само на некои места. Сe зависи од лидерот и ако нема ништо опасно, ние сме во ред со тоа, изјави директорот за трки при Ф1



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...