Маркионе: Останува можноста за напуштање на Ф1

Претседателот на Ферари, Серџо Маркионе ги поддржува плановите на „Либерти медија“ за промени на моторите, но заканата за напуштање се уште останува, додека не бидат решени „економските прашања“.



За време на викендот во Бахреин, новите сопственици ги презентирале своите планови за иднината на спортот по истекот на договорот „Конкорд“ во 2020. Во однос на моторите се предвидува зачувување на V6 хибриди, но без елементи „MGU-H“ и со стандардизирање на некои делови, со цел намалување на трошоците.

Маркионе изрази поддршка за идеите на Либерти: „Јас сум охрабрен од промената во ставот на газдите и идеите за иднината по 2021 година. Најголемата индикација е признанието на фактот дека регулациите за моторите треба да ја одразуваат природата на спортот. Не може да го поедноставиме премногу развојот на моторите само за да привлечеме повеќе тимови“.

Сепак, претседателот на Ферари истакна дека има уште многу да се разговара за економските прашања. „Либерти“ сака да постави буџетска граница од 150 милиони долари и да направи подеднаква распределба на приходи за подобрување на конкурентското опкружување.

Тото Волф од Мерцедес прво се спротивстави на овие планови, бидејќи тие работат со многу поголеми суми. На другиот крај е Клер Вилијамс, кој рече дека таквите промени ќе го спасат Вилијамс од финансиски крах.

Во моментов Ферари добиваат најголем дел од приходите во Формула 1 поради специјални „историски“ исплати, бонуси од шампионатот кај конструкторите, како и резултатите на тимот.

- Мислам дека имаме добра основа за значајни разговори. Се надевам дека ќе ги надминеме разликите до крајот на оваа година. Треба да продолжиме да работиме со „Либерти“ и ФИА за да постигнеме рамнотежа. Ако не можеме, како што реков претходно, ќе си заминеме, заврши претседателот на Ферари



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...