Маркез: Трката во Франција е критична за Јамаха

Шампионот на МотоГП, Марк Маркез смета дека Гран При на Франција оваа недела претставува критичен момент за неговите ривали од Јамаха, откако на патеката во Ле Ман ќе стане јасно во каква состојба е конструкторот.



Фабричкиот тим на Јамаха ја започна неубедливо сезоната, а во последниот круг во Шпанија тимот не настапи на ниво. Дуото Валентино Роси и Маверик Вињалес завршија петти и седми во трката, и тоа при многу откажувања пред нив.

На легендарната француска патека, Јамаха има завидлива историја со победи во последните три години. Шпанецот Маркез, лидерот и победникот во Шпанија, признава дека подобрувањата на Хонда ќе се почувствуваат во Франција, но интересно е да се види каде се наоѓа Јамаха.

- Трката овој викенд е поголем тест за Јамаха отколку за нас, бидејќи ако тие не се справат добро, тоа значи дека тие навистина се во лош период, изјави Маркез пред трката викендов.

Токму во Франција, Вињалес ја забележа својата последна победа во кралската класа, што значи речиси една година суша.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...