Рикардо се уште се надева на местото на Хамилтон во Мерцедес

Штутгарт, 7 јуни 2018 (МИА) - Даниел Рикардо ги замрзнал преговорите со Ред Бул, додека шампионот Луис Хамилтон не го продолжи својот договор со Мерцедес, тврди д-р Хелмут Марко. Тимот сигурно сака да го задржи австралискиот пилот, но Даниел се уште се надева на трансфер во Мерцедес или во Ферари.

Ники Лауда инсистира на тоа дека Хамилтон несомнено ќе остане во Мерцедес, па неговото место нема да биде ослободено.

- Луис останува со нас. Одложувањето на договорот се должи на ситници, како што се промоции и рекламни детали, изјави Лауда за германскиот печат.

Сепак, Марко е убеден дека Рикардо се уште го чека потписот на Хамилтон.

- Ситуацијата е специфична. Се надевам дека наскоро ќе заврши, вели Марко.

Од своја страна, Лауда смета дека Даниел ги „изнудува“ Ред Бул.

- Ние не сме направиле предлог за Рикардо, па тој може да чека засекогаш, рече Ники Лауда.

Ред Бул има две важни прашања. Покрај судбината на Рикардо, тимот мора да одлучи дали да продолжи со користење на моторите на Рено или да пресели на Хонда.

- Во Канада ќе добиеме надградба од Рено. Имаме внатрешни рокови во кои сакаме да се финализира решението за моторите и пилотите - пред трката во Австрија, рече д-р Марко.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...