Без отпуштања во Мерцедес по фијаското со Хамилтон во Австрија

Мерцедес нема да отпуштат никого по грешката во стратегијата за време на болната за нив Гран При на Австрија, која ги лиши од првото место кај пилотите во Формула 1.



Трет пат оваа сезона, шампионите се казнети од конкуренцијата при излегување на автомобил за безбедност. Во Австрија, Луис Хамилтон го загуби водството откако не влезе да ги смени гумите за време на виртуелниот автомобил за безбедност - грешка на стратешкиот тим на „сребрената стрела“, кој загуби премногу време во размислување.

Сепак, тимскиот шеф, Тото Волф негираше дека ќе има отпуштања или структурни промени.

Шефот на тимот одговорен за стратегијата за време на трките, Џејмс Воулс се извини на Луис на радиото. Шампионот падна на четвртата позиција, но подоцна болката за тактичкиот неуспех беше засенета од неговото прво откажување по 34 трки поради технички причини.

- Не ни се потребни промени. Најважно е да разбереме зошто дојде до грешка, да се вратиме на ситуацијата и да ја анализираме. Не мислам дека можеме да ја повториме оваа грешка вторпат. За мене Џејмс е еден од најдобрите во оваа сфера, прокоментира кратко Волф.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...